вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Вучиќ: Се надевам дека Македонците ќе навиваат за Србија на СП

Aleksandar Vucic

Нашиот сосед односно фудбалската репрезентација на Србија вечерва ќе го одигра премиерниот меч на Светското првенство во Катар каде во 1. коло од групата Г ќе се сретне со еден од најголемите фаворити за освојување на титулата, селекцијата на Бразил.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика сите Македонци да навиваат на овој шампионат за Србија.

Agria

„Верувам дека и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија ќе навиваат за Србија, како што ние навивавме за нов на Европското првенство“, изјави меѓу другото Вучиќ.

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси не го смета Бразил како репрезентација која е невозможно да се победи.

„Рековте дека четворица напаѓачи ќе играат против Србија? Тогаш сме готови… Но, дали некој ќе игра во одбраната? Бразил е голем тим и еден од најдобрите во светот и тоа е златна генерација на фудбалери. Бразил има шанса да победи, но ние не се плашиме од никого на светот – дури ни од Бразил. Извинете, но вистина е, не се плашиме од никого“, рече легендата на српскиот фудбал.

Натпреварот кој го има епитетот дерби на првото коло, започнува од 20:00 часот по средноевропско време се игра на најголемиот стадион во Доха, „Лусаил Иконик“, со капацитет од 88.000 седишта.