Реклама

Завршен увидот на маркетот во Велес, каде има заболено вработени од Ковид 19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, изјави дека е завршен увидот во маркетот во Велес каде има заразено неколку вработени. Тој рече дека лицата кои што се заразени од коронавирусот во моментот кога ги добиле резултатите не оделе на работа.

“Петнаесет вработени ќе добијат решенија за самоизолација. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на маркетот. Ако со остатокот вработени може да продолжи функционирањето на маркетот, тогаш истиот може да продолжи со работа”, рече Филипче

Agria