сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Излекувани 48 пациенти, но и нови 28 случаи на заразени од коронавирусот

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирус во Македонија, со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
– Скопје 11
– Куманово 2
– Прилеп 9
– Тетово 2
– Велес 3
– Валандово 1

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.

Agria
Test

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на Ковид -19.