Градоначалникот на Куманово негативен на Ковид 19

maksim-dimitrievski-04

Максим Димитриевски вечерва ја информираше јавноста дека е негативен на тестовите направени за коронавирусот, заблагодарувајќи им на граѓаните за големата поддршка.

“Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се негативни” пишува Димитриевски.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: