Реклама

АМСМ информира за состојбата на државните патишта

avtopat Skopje Veles

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има од Групчин до Тетово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Agria

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира: