Реклама

Приведен велешанец во Скопје, полицијата пронајде марихуана кај него

Marihuana

20 годишен велешанец е уапсен во Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале тој и уште други четири лица е пронајдена марихуана.

Текстот продолжува под рекламата

„На 23.01.2023 во 01:20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Љ.С.(34) од Ново Село, С.Р.(18) од Скопје, С.Ј.(20) од Велес, Р.М.(22) од Струмица и П.К.(25) од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира: