Реклама

Крадец украл пари од ташна на вработена во Центар за јавно здравје Велес

30 годишен велешанец е уапсен од полициски службеници од СВР Велес бидејќи се сомничи дека одзел пари од чанта на вработена во Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ Велес.

Текстот продолжува под рекламата

„На 24.01.2023 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена“, информираа од МВР.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можеби ќе ве интересира: