Реклама

(ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА) Како изгледаше првата улична свирка во живо во Велес

Со пораката „Ќе мине сè“, денеска заврши првиот „стрит евент“ во полициски час, кој, во организација на Батали.нет и Радио 5 ФМ, се одржа на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес.

Жителите на стамбените згради долж улицата, но и илјадници гледачи преку фејсбук час и половина се забавуваа со велешкиот DJ MasterHip и Тринити бенд. На крајот од уличниот концерт, беше промовирана песната „Ќе мине сè“, чиј продуцент е Батали.нет, а промотор Радио 5 ФМ.

Agria

Во неа учествуваат повеќе музички имиња од Велес. Бендот е во состав: Стојанче Иванов – клавијатури, Симеон Иванов – клавир, Трајче Ристов – тапани, Оливер Тевчев – гитара, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев – бас гитара и Трајче Малинов на сопран саксофон, кој е еден од изведувачите на песната. Покрај него на песната пеат и Трајче и Катерина од Соната, Стефани Алчева и Дејан Попов од Тринити бенд, Сандра, Наталија и Моника од триото „The Chicks“, Мими Јовановска и Баже Натов.

Песната се снимаше во студиото „Импакт продукција“, а миксањето и мастерингот е дело на Темелко Андреевски.

Инаку, „Ќе мине сè“ е преработка на познатиот хит на „Live Aid Band“, „We are the world“, за која стиховите ги напиша познатиот текстописец Огнен Неделковски.

Песната и спотот официјално ќе бидат пуштени на youtube и facebook во недела, на 26.04.2020.

На следните линкови можете да ја погледнете уличната жива свирка во полициски час.

Настап на DJ MasterHip

Настап на Тринити бенд