недела, 4 декември, 2022
Реклама

Два нови случаи на заразени и еден излекуван од Ковид 19 во Велес

Во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес. Се работи за сопруг на претходно дијагностицирана пациентка и сопруга на пациент кој е веќе хоспитализиран на инфективното одделение при општата болница во Велес. Исто така има еден излекуван пациент, извести Центарот за јавно здравје – Велес.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 66 лица од кои 11 излечени, 3 смртни случаи и 52 активни.

Agria