вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Разрешен директорот во Центарот за јавно здравје Велес

Toni Dimitrievski CJZ Veles
Тони Димитриевски – поранешен директор на Центар за јавно здравје Велес

Поради неправилностите кои Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги утврдил во работењето, разрешен е од функцијата директорот на Центарот за јавно здравје Велес, Тони Димитриевски. Министерот Венко Филипче најави дека во текот на утрешниот ден или задутре во Центарот за јавно здравје Велес ќе биде назначен нов директор. Тој исто така кажа дека оваа одлука е донесена откако ги направиле сите анализи кои се однесуваат на Центарот за јавно здравје Велес и детална анализа на извештајот, проценка на информациите кои пристигнале од повеќе страни.

Освен ова, на својата дневна прес-конференција министерот Филипче соопшти дека од денеска во ГОБ „8 Септември“ е пренесен апаратот за т.н. озонска терапија, озонирање на крвта. Анестезиолозите од оваа болница врз основа на анализата и литературата заклучи дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти, така што од овие денови започнува и оваа апликација. Станува збор за метода со која што се озонира една одредена количина на крвта која што се вади и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација.

Agria

„Утре е закажана и првата екстракција на плазма која што исто така ќе се користи за третман на овие пациенти“, рече Филипче.

Тој упати благодарност до јавното претпријатие Бутел што излегло во пресрет и ги намалило цените на погребните услуги.

Министерот Филипче апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема.