Реклама

Евакуиран судот во Охрид поради дојава за бомба

Рано утрово на електронската пошта на Основниот суд во Охрид стигнала дојава за поставена бомба по што вработените и комплетниот персонал во Судот биле евакуирани од просториите.

Содржината продолжува под рекламата

На терен се екипите на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Анонимни дојави за поставени бомби изминатиов период има во средни и основни училишта, но и во институции и трговски центри, претежно во Скопје и Прилеп.

Можеби ќе ве интересира: