сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Го бараат ПСЖ, Сити, Јунајтед, а ќе заврши во Њукастл

Њукастл Јунајтед наводно ќе испрати понуда за Калид Кулибали од Наполи, откако клубот ќе го преземе саудискиот принц Мохамад бин Салман.


Преговорите околу купувањето на клубот се во напредна фаза, и кога ќе заврши договорот, сериозен капитал ќе влезе во Њукастл.

Agria

Како ново тренерско име се спомнува Лучијано Спалети, а заедно со него од Италијасе очекува и да пристигне и Раџа Наинголан кој е на позајмица во Каљари од Интер.

Се претпоставува дека Наполи за Кулибали би барал околу 80 милиони евра. Заинтересирани има многу. Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но Њукастл би можел да ја добие трката бидејќи е подготвен да му понуди договор од 12 милиони евра годишно.

Ова не е првпат Кулибали да се поврзе со Њукастл, англискиот клуб сакаше да го донесе во 2015 година, но трансферот не се случи бидејќи беше прескап за нив. Сега, според сите пресметки тие ќе имаат повеќе од доволно пари.