четврток, 8 декември, 2022
Реклама

Насилниците од Штип што тепаа девојка признаа вина

Насилниците што  навредуваа и тепаа девојка во влез во зграда во Штип, признаа вина. На денешната главна расправа во Основниот суд во Штип тие се покајале за стореното и според нивниот адвокат свесни се за последиците од своето дело. Во признанието тврделе дека се работи за недоразбирање што на крај завршило со насилство. Пресудата ќе се знае за два дена. Според нивниот бранител, Валентин Зафиров, признанието е олеснителна околност, а судот треба да не попушти под притисокот на  јавноста.

“Обвинетите изразија и каење,спремност да ја обештетат оштетената, на секој начин. Во иднина да не прават вакви и слични кривични дела”. Изјави Валентин Зафиров бранител на обвинетите.

Agria
Vale Zafirov 28.04

На рочиштето присутвуваше и правниот застапник на нападната девојка. Таа смета дека признанието не треба да биде олеснителна околност  при одредувањето на висината на казната бидејќи  девојката е стигматизирана и трауматизирана, а со неа работи стручен тим за да може да се справи со последиците од насилството.

“Искрено очекуваме строга казна, затоа што, без оглед обвинетите признаа вина, согласно конвенција на Советот на Европа, или подобро позната на јавноста Истамбулска конвенција, се предвидени отежнителни околности во вакви случаи. Посебно да се земе во предвид дека цела јавност беше вклучена во овој спор”. Изјави Билјана Андонова адвокат на оштетената.

Двајцата насилници беа идентификувани откако снимка од малтретирањето што се случило во Јануари годинава се појави на социјалните мрежи на почетокот од месецов. Снимката предизвика голем револт кај јавноста и по социјалните мрежи која побара највисока казна за двајцата насилници. За делото за кое се обвинети максималната казна е пет години затвор.