Реклама

Нема заразени од вирусот во Милан

Иако вчера се појави информација дека тројца играчи на Милан се заразени со вирусот, од клубот денес беше разјаснето дека нема заразени од коронавирус и дека сите играчи и тренери се здрави.

“Милан потврдува дека нема позитивни случаи на коронавирус врз основа на сите претходни медицински тестови. Играчите ќе продолжат со индивидуална програма за обука во Милано”, се вели во соопштението на клубот.

Agria

Сезоната во Серија А беше прекината во март, а клубовите се решени да го завршат првенството за 2019/20 година. и да се избегне сценариото од Франција и Холандија каде првенствата беа прекинати и нема да се доиграат.