Реклама

РФМ пресече: Нема ракометен шампион оваа сезона

После денешната седница на УО на РФМ стана јасно дека Македонија нема да има шампион за сезоната која беше прекината поради коронавирусот.

Сигурен претставник во Лигата на шампионите ќе биде Вардар  а РФМ ќе аплицира и Еурофарм Пелистер да биде дел од елитното клупско натпреварување. Доколку истата не биде прифатена, тогаш битолскиот прволигаш ќе настапи во групната фаза од Европската лига.

Agria

Федерацијата ќе испрати апликација Металург за да биде дел од групите во Европската лига, доколку не добие автоматско место.

Екипата на Бутел ќе игра во ЕХФ Купот, а преку РФМ ќе се бара место во ова натпреварување уште за Пролет и Охрид.

Како што стојат работите во новата сезона Супер машката лига ќе биде побројна. Две екипи нема веќе да играат, а тоа се вторите тимови на Вардар и Металург односно Вардар јуниор и Металург 2 кои се селат во Првата лига.

Затоа, пак, на оние осум тимови кои остануваат во лигата ќе им се придружат составите на ГРК Тиквеш, Астраион, Прилеп, КЛ7, Младост Богданци и Јуниор Кисела вода. Лигата ќе брои 14 екипи, а Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се придружат за плеј-офот.

Сезоната ќе се одвива во две групи, а најдобрите три од двете групи ќе се пласираат во плеј-офот каде што ќе се придружат тимовите од СЕХА лигата.