Реклама

Картички со 9.000 денари за невработени, ваучери за одмор, викенд без ДДВ, најавува владата

Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор во износ од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани. Премиерот Спасовски денес го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе може да се користат 30 денови, а за оваа мерка ќе се потрошат 16 милиони евра.

“Oколу 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари. Граѓаните ќе може да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме и домашниот туризам. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани кои што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година според УЈП”, рече Спасовски на денешната прес конференција.

Agria

Тој рече дека околу 100.000 млади луѓе ќе добијат ваучери и картички вредни 12 милиони евра. Младите ќе може да аплицираат и за платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи. А ќе има и ваучери од 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, ветуваат од владата.

Воведуваме викенd без ДДВ за сите граѓани, преку поефтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство – рече Спасовски

Според Спасовски ова не е предизборен поткуп на гласачи како што обвинува опозицијата, туку справување со последиците од коронавирусот. Овој трет сет на мерки тежи вкупно 355 милиони евра. Очекуваат со него да опфатат 730.000 корисници.