Реклама

Во Грција на море без тест за коронавирус, Словенците добиваат ваучери за летување

grcija plaza

Грчките граници ќе се отворат најдоцна до 1 јули, но само за тусристите од Европската унија, Шенген-зоната и Израел, одлучи грчката влада. Според весникот „Катимерини“, тоа може да се случи дури и порано, со можност од средината на јуни.

Грчката Влада ќе ги донесе конечните одлуки утре или четврток, кога се очекува да биде изгласан и планот за поддршка на туристичката индустрија, но „Катимерини“ веќе ги објави основните информации поврзани со туристичката сезона.

Agria

Според весникот, грчките здравствени власти одобриле план, владата да ги пушта туристите, па останува само да се прецизира од кога тоа ќе се случи. Епидемиолошките податоци на земјата, кои, патем, се позитривни во моментот најмногу ќе влијаат за конечната одлука.

Весникот „Катимерини“ тврди дека според одлуката на владата, за патниците кои ќе доаѓаат, нема да се бара да прават тест за коронавирусот.

Piran

Од друга страна, Словенија изготвува список на држави, чии граѓани ќе можат да влезат во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ова го најави и портпаролот на Владата Јелко Кацин, кој додаде дека ова пред сѐ се однесува на соседните земји.

Отворањето на границите ќе се случува постепено, а списокот постојано ќе се ажурира. Граѓаните на Словенија без добра причина, како што се работа или неодложни обврски, освен во Хрватска, не смеат да патуваат во другите соседни држави. 

Во исто време, Словенија реши да дoделува туристички ваучери од по 200 евра на секој полнолетен граѓанин во земјата, кој ќе се служи за користење на услугите на словенечките туристички агенции. Оваа програма ќе го чини словенечкиот буџет околу триста милиони евра, но многу од тие пари повторно би завршиле во државната каса. Овие ваучери сепак не се замислени како додаток за годишен одмор.

На 15 мај Владата на Словенија прогласи крај на епидемијата на коронавирус со што стана првата земја во Европа која повчеле таков потег.

Почнувајќи од петок, 22 мај, нема да се бара негативен тест за влез во Република Србија, ниту посебна дозвола и за домашни и за странски државјани, препорача денес на Владата на Република Србија.

Земјите од регионот ја кројат судбината на претстојната летна сезона. Речиси сите земји почнаа да ги регулираат условите за патувањеНо, многу од нив се надеваат дека домашните туристи треба да му помогнат на туризмот.