Реклама

(ВИДЕО) д-р Ненад Коциќ: Мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално

Nenad Kocik

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, jа стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем, смета д-р Ненад Коциќ, кој воедно е и претседател на Советот на Општина Велес.

„Македонското здравство реагираше навремено и соодветно и добро се справи со пандемијата со коронавирусот. Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова“, рече д-р Коциќ.

Agria

Изразувајќи јавна благодарсност до сите медицински лица и технички медицински персонал, кои се во првите борбени редови во одбрана од коронавирусот, д-р Коциќ потсети дека мерките на здравствените власти мораат да се почитуваат.

„Вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина. Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално. Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме, за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот, но на начин на којшто ќе бидеме заштитени, а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас“, рече д-р Коциќ.