Реклама

Нов апарат за донирање на крвна плазма доби Клиниката за трансфузиона медицина

Новиот клеточен сепаратор за плазмаферза е пуштен во употреба денеска на Клиниката за трансфузиона медицина. Апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити.

Досега пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма. Мјнистерот за здравство Венко Филипче апелира до сите оние кои оздравеле од коронавирус да даруваат крвна плазма.

Agria

„Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот“, апелира министерот Филипче.

Институтот за трансфузиона медицина на ја објави постапката и апликацијата за оние кои сакаат да донираат крвна плазма.