сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Нови 63 крвни единици доби велешката трансфузиологија

krvodaritelska akcija1

Ниту пандемијата од коронавирусот не ги спречи крводарителите од Велес и околните населени места и денеска да ја покажаат нивната хуманост.

На Втората вонредна крводарителска акција даруваа 63 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 49 беа мажи, а останатите 14 се од женски пол. Во најхуманото семејство, како првократни крводарители денеска се впишаа пет лица.

Agria

Крводарителската акција се одржа во Ликовниот салон. Заеднички ја организираа Општинската организација на Црвен крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина .

На крводарителската акција се превзедоа мерки за безбедност поради здравствената ситуација во која се наоѓа земјава.

Денешната е втора крводарителска акција, која е надвор од Годишниот интегрален план за крводарување. На првата се даруваа идентични 63 крвни единици.