Реклама

Три можни сценарија за завршување на Прва МФЛ предложи ФФМ

FFM sostanok 2

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ одржа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ. На средбата присуствуваа и претставници од Институтот за јавно здравје предводени од епидемиологот д-р Жарко Караџоски.

Фудбалската федерација на Македонија пред претставниците на клубовите презентираше три можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020. 

Agria

Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија, а одлуката за првенството од Прва МФЛ ќе ја донесе Фдубалската федерација на Македонија.

Првата опција е одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

Втората опција е одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

И трета опција е прекин на првенството и Купот на Македонија.

Клубовите треба да се изјасната најдоцна до 25 Мај, за да може Фудбалската федерација да ја извести УЕФА за донесената одлука.