недела, 4 декември, 2022
Реклама

Емилија Динева е жената херој чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и нејзината фамилијата живееja во Дојран, е жената чие срце и бубрези сега се донирани на тројца пациенти.

Веста за трансплантацијата предизвика бура од емоции во целата држава. Роднините и пријателите на Емилија, која го изгубила животот во сообраќајна несреќа на социјалните мрежи се простуваат со неа, со емотивни пораки, во кои се помешани тагата поради прерано изгубениот живот, но и гордоста што се испиша историја во нашето здравство, бидејќи за прв пат во Македонија се изврши трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. Во тек е и трансплантација на бубрезите, кои ќе ги добијат двајца пациенти на кои што им е потребна помош.

Agria

Анго Ангов, градоначалникот на Дојран, за поратлот “Фокус” вели дека е горд на неговата сограѓанка Емилија и на нејзиното семејство. Тие биле негови соседи, вели дека познавајќи го семејството цел живот, веста длабоко го трогнала.

“Емилија е родена во Јосифово, долги години со сопругот живее во Стар Дојран, мои соседи се и луѓе кои ги почитувам. Во понеделникот се случи несреќата, која за жал заврши кобно. Таа беше во кома изминатите денови, не преостануваше ништо друго… Одлуката да се донираат нејзините органи ја донесе целото семејство, сопругот на Емилија, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години. Нема зборови со кои може да се опише нивната големина. Оставија траг во нашето здравство, во нашата медицинска историјa, раскажува градоначалникот на Дојран.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до семејството.

“Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го бибите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моментите кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме бескрајно благодарни. Тие се хероите на оваа приказна”, рече Венко Филипче.