Реклама

Престрелка во Бутел, за среќа нема повредени

Вечерва инцидент се случи во скопски Бутел. Во едно лице било пукано со автоматско оружје од возила кое во моментот на пукањето се движеле по булеварот.

Од полицијата ја информираат јавноста дека лицето кон кое е пукано стоело на паркинг за автомобили на “Христијан Тодоровски Карпош” ,а кон него пукале неколку лица во два автомобили.

Agria

Во 17.47 час. О.И пријавил дека на ул. Христијан Тодоровски-Карпош после подвозникот од десната старана, од 2 ПМВ едното Фолксваген Пајтон сива боја и ПМВ Ауди 4 црна боја, во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје, но никој не бил повреден. Се работи за расчистување на случајот, информираат од МВР.