Реклама

Оздравени двајца и нема новозарaзени од Ковид 19 во Велес

korona-virus-16.05

Нема нови заболени од Ковид 19 во Велес. Во последните 24 часа се направени 508 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на заразени во Македонија.

Најмногу заразени има во Скопје 12, па следат Куманово со 8, Тетово 7, Струга 4 и Штип, Прилеп и Охрид по двајца.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, од кои двајца се од Велес, 11 од Скопје и седуммина од Прилеп.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид 19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.