Реклама

Се затвора конфекцијата во која се заразија шест работнички

tekstilni-rabotnici-stip-1

Штипската конфекција во која досега е потврдено дека шест работнички се заразени со корона вирусот се затвара на една недела, а ако се покаже потреба и подолго. Сопственикот одлучил сите стотина работници да седат дома додека не заврши епидемиолошката анкета и не се утврди точниот број заболени. А, веројатноста дека ќе има нови случаи е голема. Денес се земени девет брисеви од кои седум се поврзани со конфекцијата.

“Веќе се тестираат и други работнички кои што имале симптоми, така да следиме каква ќе биде состојбата. Најважно од се е да бидеме сите внимателни и при разлабувавувањето на мерките, а и да ги почитуваме препораките од владата.” Изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип и претседател на Општински кризен штаб

Agria

Засега нема информации за заболени од други конфекции иако работничките позитивни на вирусот на работа оделе заедно со колешки од три други текстилни фабрики. За нив епидемилошката анкета е во тек. Според податоците станува збор за повеќе од 10 луѓе.Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за ТВ 24 велат сите контакти на досега утврдените позитивни случаи ќе бидат ставени во изолација, но најавуваат надзор и на автобусите на другите конфекции.

tekstilni-rabotnici-stip-2

“Во однос на превозните средства ДСЗИ ќе изврши надзор во однос на хигиената во нив, обезбедени средства за дезинфекција на раце на лицата кои се превезуваат и динамика на дезинфекција на превозните средства”, вели Ирина Бухова, Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Засега нема најава за затворање на сите конфекции, иако од „Гласен текстилец“, како најгласна организација за правата на текстилните работнички, препорачаа во фабриките да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола.Вчера со препорака излезе и Центарот за јавно здравје во Штип-да се држи дистанца, да се носи заштина опрема и редовно да се дезинфицираат автобусите и сите работни површини.