Реклама

Коцевски: Велес не е контаминиран со коронавирус!

Ace Kocevski 22.05.2020

Еден заразен велешанец со коронавирус е регистриран во последните 24 часа. Според здравствените институции во Велес епидемиолошката состојба во Велес е значително подобрена и градот не е контаминиран.

“Идната недела се очекува триесетина пациенти да добијат негативен тест, со што бројот на активни случаи ќе се сведе на едноцифрен број”, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Agria

Тој соопшти дека значително е намален и бројот на повици во итната медицинска помош, што укажува на тоа дека состојбата се враќа во нормала.

Во последните неколку денови полицијата казнила 123 граѓани за неносење маски. Градоначалникот Коцевски вели дека овие добри информации не треба да не олабават.

“Разочаран сум што дел од младите и децата не ги почитуваат мерките, не носат маски и се групираат, но и до доцна во ноќта им пречат на станарите, фрлаат ѓубре каде ќе стигнат. Апелирам и до нив, но и до надлежните да внимаваат на овие појави”, рече Коцевски.

Тој апелира до граѓаните да не се опуштаат и да ги почитуваат мерките против ширење на коронавирусот, бидејќи, и покрај тоа што во Велес бројките се намалуваат, во земјата се зголемуваат.