недела, 4 декември, 2022
Реклама

Хрватска дозволи свадби, Македонија сеуште не

Svadba

Во Македонија само што започнаа да работат кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти, со задолжително почитување на Протоколите утврдени од страна на Комисијата за заразни болести.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки).

Agria

А во Хрватска веќе се спремни за одржување на свадбените веселби. Хрватскиот завод за јавно здравје објави детални препораки за одржување на свадби кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска.

Дел од препораките се стандардни – станува збор за потсетување на луѓето за одржување хигиена и дистанца од метар и половина. Исто така, се препорачува употреба на маски за персоналот.

Што се однесува до максималниот број на луѓе на свадби, тоа зависи од големината на просторот. Сепак, наведени се максимални броеви. До 15 јуни дозволени се 100 лица во затворен простор и 150 на отворено. Од 15 јуни, овие броеви се 200 и 250, и од 1 јули ќе биде дозволено 300 луѓе во затворен простор и 500 на отворено.

Општата препорака е на три квадратни метри во салата да има едно лице. Исто така, се препорачува евиденција на гостите за полесно следење во случај на појава на коронавирус.

Дали и кога ќе се одржуваат свадбените веселби кај нас, ќе почекаме.