сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Нема позитивни на Ковид 19 од ФК Борец

Откако вчера беше извршено задолжителното тестирање на фудбалерите, како и на стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови, денес Синдикатот на фудбалери на Македонија соопшти дека ниту еден од нив не е позитивен на ковид 19.

“Денес ги добивме резултатите од тестирањето на Ковид 19 од Фк Академија Пандев и Фк Борец. Добра вест е дека сите тестирани се негативни,и сите кои работат во овие два клуба можат да си ги извршуваат своите работни задачи”, стои во соопштението од Синдикатот на фудбалери на Македонија објавено на својата фејсбук страна.

Agria

Фудбал се очекува идниот месец, а дотогаш фудбалерите неколку пати ќе бидат тестирани и проверувани за коронавирус како што е практика кај другите држави во кои веќе се игра фудбал.