сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Мухамед Зекири позитивен на Ковид 19

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири , денеска на својот фејсбук профил објави дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на корона вирусот.

Вели дека ги почитувал сите препораки, но дека по тестирањето излегло дека се позитивни на вирусот.

Agria

“Немам симптоми. Се извинувам на сите со кои сум бил во контакт во последните денови и сум ги довел во неизвесна ситуација”, напиша Зекири на својот фејсбук профил.