Реклама

Се зголемува бројката на заразени текстилни работнички

tekstilni-rabotnici-stip-2

13 текстилни работнички позитивни на коронавирусот се досегашните резултати од масовниот скрининг на вработените во штипска конфекција и работниците од уште неколку кои на работа оделе со ист автобус.

Најголемиот дел се од Штип, но ги има и од Карбинци и Кочани. Позитивни на вирусот се и две деца од една и пол и три години. За децата што имале симптоми и се тестирани по препорака на матичен лекар се уште се утврдува како дошле во контакт со вирусот, а денес ќе се тестираат и нивните родители. Новите случаи го потикнаа  Центарот за јавно здравје да ги потести граѓаните на заштитните мерки.

Agria

“Другарувањето на отворен  простор мора и треба да има свои ограничувања. Задолжително треба да се избегнува групирањето во групи поголеми од две лица, носењето на заштитна маска е задолжително и на отворено кога не е возможно да се одржи потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Одржувањето на хигиената на рацете и личната хигиена е од клучно значење за заштита од овој вирус”, се вели во задолжението на Центарот за јавно здравје Штип.

Двоцифрениот број заразени со коронавирусот денес на состанок го свика и Општинскиот кризен штаб. Продолжува дезинфекцијата на јавните површини и влезовите на објектите каде има најголема фреквенција.

“Ние сега практично ги очекуваме резултатите од тестирањата што се извршија претходните неколку дена, од таа текстилна компанија каде што и за очекување е да имаме позитивни случаи. Навистина сме крајно внимателни, и ги превземаме сите мерки и чекори” изјави Благој Бочварски градоначалник на Општина Штип.

Иако автобусите со кои се превезуваат работниците беа посочени како најголема опасност за ширење на заразата, а пред два дена на прес конференција за тоа алармираше и министерот Филипче, досегашните контроли не открија недостатоци. Активистите од Гласен текстилец најавија дека ќе бараат и вонредни надзори од инспекторатите затоа што тие веќе имаат фотографии со кои се потврдува дека не се почитуаат протоколите при превоз на работниците.  

На инфективното одделение во Штип се хоспитализирани петнестмина пациенти со средна клиничка слика, а дали бројот ќе се зголеми зависи од одлуката на инфектолозите  откако ќе завршат  целосните прегледи  на новодијагностицираните случаи.