Реклама

Задолжителен карантин за македонските граѓани кои ќе влезат во Црна Гора

Crna-Gora-960x519

Институтот за јавно здравје на Црна Гора го ажурираше списокот на земји со активна стапка на случаи на Ковид-19 на помалку од 25 заразени на 100. 000 жители, што значи влез во Црна Гора без карантин.

Поради зголемената стапка, Македонија веќе не е на листата на земји чии граѓани може да патуваат во оваа земја.

Agria

Листата на земји од каде е безбедно да пристигнуваат туристи се меува на дневно ниво и Македонија во четвртокот вечерта беше ставена на оваа листа, но по зголемениот број на случаи во изминативе два дена, нашата држава веќе не ги исполнува критериумите и е вратена во делот на земји од каде не е безбедно да се примаат туристи.

Тоа ќе значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација.

Претходно и Хрватска не дозволи влез за наши државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават црни листи на земји. Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.