Реклама

(ВИДЕО) Малата велешанка Даниела Теова го поздрави светот во видео по повод „Универзалниот ден на детето“

Daniela Teova

Светот денеска го одбележува „Универзалниот ден на детето“. На денешен ден во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата, што означи нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Генералното собрание на ОН препорачува сите земји да воспостават Универзален ден на детето. Оттаму укажуваат најголемо внимание да се посветува во заштитата на децата кои работат долги часови во опасни околности, како и да им се овозможи на сите деца да имаат пристап до образованието.

Agria

Во Република Македонија правата на децата се остваруваат согласно со Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законската регулатива.

По повод „Универзалниот ден на детето“ деца од целиот свет испратија порака на својот мајчин јазик. Пораката на македонски јазик ја испрати 10-годишната велешанка Даниела Теова. Погледнете ја видео пораката, а обраќањето на нашата Даниела ќе го видите на 1 минута и 42 секунди од снимката.