Реклама

Воз прегази мигрант на пругата Велес – Градско

Pruga

Воз удрило едно лице-мигрант, кое се движело по железничката пруга Велес – Градско, утрово околу 4 часот, пред село Згрополци.

Од ударот лицето се  здобило со тешки телесни повреди, а додека е транспортиран кон Општата болница Велес, по пат им подлегнал на повредите.

Agria

Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.