Реклама

Полицијата казни 33 велешани кои не носеле маска

Полицијата казнила 33 граѓани на Велес, 46 неготинчани и 20 кавадарчани кои не ја почитувале Уредбата за носење на лична заштита. Висината на казната е 20 евра во денарска противвредност, но доколку казната се плати во рок од осум дена, таа ќе изнесува половина од предвидената сума.

Вкупно 108 велешани се во изолација поради контакт со заразено лице и опасност да бидат инфицирани со коронавирус. Од нив, самостојно, во самоизолација се 42, а на 66 Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) им издал решенија за изолација.

Agria

Во последните 24 часа ДЗСИ не издало ниту едно решение, но петмина велешани самоиницијативно се повлекле во домашен карантин.

Во Кавадарци има 26 граѓани во изолација, од кои двајца отишле во самоизолација во последното деноноќие. Во Неготино 55 жители на овој град се во карантин.

Од полицијата велат дека и во последното деноноќие извршиле контроли кај граѓаните кои се во изолација и самоизолација констатирале дека сите ги почитуваат овие мерки.