недела, 4 декември, 2022
Реклама

Денес во 18.30 средба Заев-Мицкоски

После две недели Заев и Мицкоски под медијаторство на Пендаровски вечерва во вилата Водно, ќе се обидат да најдат договор за датумот за избори.

Пендаровски денеска во своето обраќање до јавноста побара од лидерите на двете најголеми партии да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите. Тој смета дека лидерска средба во форматот кој го двапати до сега, нема да има потреба да се одржи повторно, затоа што позицијата на другите лидери е изборите да се одржат на 5 или 19 јули.

Agria

Во своето обраќање Пендаровски истакна дека избори треба да има, но истите треба да бидат во договор и учество на сите политички субјекти. Вели важно е државата да добие што поскоро функционални институции, но исто толку е важно да има и инклузивен изборен процес.

“Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена правна регулатива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за дестабилизација преку хибридни закани и лажни вести, не можеме да исклучиме дека евентуалната правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна”, рече Пендаровски.