Реклама

Средбата заврши, договор за избори нема но комуникацијата ќе продолжи

Zaev-i-Mickovski-9

После повеќе од 2 часа заврши средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кај претседателот Стево Пендаровски. Не е постигнат договор за датум за избори, но лидерите се согласиле да ја продолжат комуникацијата.

Во соопштението од кабинетот на Пендаровски „На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе“.

Agria