Реклама

Превозот на сезонски работници нова потенцијална опасност за ширење на корона вирусот

Prevoz na beraci na visni

Ни растојание- ни маски. Метеж надвор и внатре. Видео што се појави на социјалните мрежи покажа како се превезуваат сезонски работници за берење  вишни. Видеото е снимено во Штип, а соседите раскажуваат дека берачите без протоколи честопати се пренесуваат и во комбиња. Од фирмата „Фруктана“ чиј е автобусот од видеот, велат дека тие не вршат превоз. Автобусот го имаат за свои потреби и при превозот на работниците до фабриката ги почитуваат сите здравствени протоколи. Сопственикот Младен Митев вели дека автобусот вчера го позајмиле на нивни соработници кои имале проблеми со организирање на превозот.

„Возачот на автобусот е запознат со здравствените протоколи. Има дезинфициенси и маски. Ако не ги почитувал протоколите ќе следува дисциплинска постапка. Нам здравјето на нашите и здравјето на сите сезонски работници ни е важно. Затоа што ако не се заврши бербата на вишни навреме и не се прибере родот тогаш нема што да работиме цела година“, рече во телефонска изјава Младен Митев, сопственик на Фруктана.

Agria

Превозот на работниците особено во конфекциите и порано беше лоциран како голем проблем и опасност за ширење на корона вирусот. И штипскиот Совет на последната седница донесе заклучок за засилна контрола на превозот на работници. Сега таму генерално се почитувааат здраствените протоколи, а општиниските инспектори веќе имаат напишано и неколку казни.

Во меѓувреме освен постојните во Штип се појавија и нови кластери на заболени. Денешниот случај е текстилна работничка од конфекција што не беше дел од скринингот, а гост од Скопје кој не знаел дека е позитивен го пренел вирусот на своите домаќини. Тестираните реагираат дека на резултати чекаат и повеќе од пет дена. Дваесетина болни од КОВИД 19 се лекуваат на инфективното оделение во Штип, а помлад пациент поради влошување на состојбата е испратан за Скопје.