недела, 4 декември, 2022
Реклама

Започнаа уписите во средните училишта

Upisi srednoskolci

Започна првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година, според критериумите утврдени во конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Уписот ќе биде организиран и спроведен согласно насоките од Протоколот усвоен од Владата, по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта.

Agria

Според протоколот, документите се поднесуваат по азбучен ред на презимето. Задолжително е носење заштитни маски, растојание од два метра и дезинфекција. Училиштата се обврзани да обезбедат редари и е ограничен бројот на ученици, кои во исто време ќе влезат во училиштето за да поднесат документи. Не е дозволена придружба од родител или старател, освен од оправдани причини.

Во средните училишта во Велес има слободни 1011 места.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ има слободни места за 204 ученици во шест паралелки (170 ученици во пет паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на албански јазик).

Во Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ во прва година има место за 170 ученици во пет паралелки, со настава на
македонски јазик.

Во Општинското средно училиште „Коле Неделковски“ во прва година има место за 399 ученици во 12 паралелки (331 ученик во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во две паралелки со настава на албански јазик).

Во средното стручно општинско училиште “ДимитријаЧуповски”, оваа година ќе се запишат 238 ученици во седум паралелки со настава на македонски јазик.

Можеби ќе ве интересира: