вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Венко Филипче: Сите партии да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата

Венко Филипче актуелниот министер за здравство упати апел до сите политички партии, кои ќе бидат дел од кампањата да ги почитуваат мерките и да споведат изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.

“Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните”, вели Филипче.

Agria

Тој вели дека секоја активност што ќе ја има било која политичка партија треба целосно да биде прилагодена на препораките. Филипче изразува очекување дека сите партии ќе постигнат договор околу начинот на кампањата, во која, како што истакнува, ќе се даде приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

Тој додаде дека лидерите и фунционерите на сите политички партии мораат да бидат да бидат пример, за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.