Реклама

Три нови случаи на заразени со Ковид 19 во Словенија

Slovenija korona

Во Словенија, потврдени се три нови случаи позитивни на Ковид 19, во последните 24 часа, на земени 986 тестови и нема нови смртни случаи.

Забележани се нови случаи во Љубљана, Крањ и Јесенице, па вкупниот број регистрирани на Ковид 19 досега е 1503, соопшти Министерството за здравство.

Agria

Во моментов, седум пациенти се хоспитализирани , од кои едниот е на интензивна нега.

Во цела држава сеуште има 26 активни случаи.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се и 109 смртни случаи.

Поврзани вести: