Реклама

Шест починати и нови 182 случаи на коронавирус

Infektivna klinika Skopje naslovna

Нови 182 случаи на заразени со короанвирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Од нив, најголем број се од Скопје, вкупно 107. Пораст на бројот на заразени е регистриран во Тетово, каде што во последното деноноќие им 23 новозаразени. Куманово со 14 новодијагностицирани пациенти со короанвирус е на третото место на денешната листа по градови, а Ресен, со 13 нови случаи, е четвртиот град со двоцифрен број инфицирани граѓани. Во Велес денеска не се регистрирани новозаразени граѓани.

Состојбата по градови е следна:

Agria

– Скопје 107
– Куманово 14
– Штип 4
– Тетово 23
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 6
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Кочани 1
– Берово 1
– Ресен 13
– Неготино 1

Овие новодијагностицирани пациенти се откриени, откако во последните 24 часа се направени 1348 тестирања.

„Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни“, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти, од кои двајца се велешани.

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Со тоа, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Поврзани вести: