Реклама

Се враќа старото време за работа на угостителските објекти

Владата на синоќешната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на рестораните и кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

Во согласност со овие измени, овие објекти од сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци, наместо до 22 часот како што досега беше определено со протоколите.

Agria

Измените кои ги донесе владата стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.