Реклама

Казна за хотел кој работел и покрај забраната

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.

Тие се товарат за кривично дело „непостапување според здравствените прописи“, за што предложени се казни од 2 000 евра за управителот и 100 000 денари за правното лице.

Agria

„Обвинетото физичко лице во својство на управител на правниот објект – хотел, не постапил согласно законските прописи за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19 и овозможил хотелско сместување на лице од Дебар, спротивно на одлуките и наредбите со кои сите угостителски објекти се затворени за гости“, се вели во соопштението на ОЈО.

Прекршокот бил констатиран при вонреден инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира: