Реклама

Нови 150 случаи на коронавирус, починати се девет лица

Srbija korona

Нема нови позитивни случаи на Ковид 19 во Велес. Во Македонија бројката е повторно висока, 150 нови случаи.

Најмногу има во Скопје 93, Тетово 12, Охрид девет, Кичево осум, Куманово седум, Ресен пет, Прилеп четири, Гостивар, Штип и Струга по три, и по еден нов случај има во Кочани, Неготино и Битола.

Soopstenie 10.07.2020

Денес Институтот за јавно здравје регистрира и 30 оздравени пациенти.

Починати се девет лица, шест од Тетово и тројца од Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Поврзани вести:

Реклами