Реклама

Крава изгоре во синоќешниот пожар во шталата близу Кочилари

pozar-kuka

Една крава, шест кокошки и 520 бали со слама изгореа синоќа во пожарот кој изби во штала, на крстосницата за велешкото село Кочилари. Шталата се запалила синоќа пред 21 часот, а пожарникарите пристигнале на местото во 21:15.

По два и пол часа борба со огнената стихија, шест пожарникари од велешката противпожарна бригада со четири возила успеале да го изгаснат пожарот, во кој освен стоката и сеното, изгорел и покривот на шталата, соопшти за Батали.нет Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Soopstenie 10.07.2020

Причината за пожарот сè уште не е позната, но можно е неисправен електричен уред да го запалил сеното.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами