Реклама

Левица: Ќе го намалиме работното време од 8 на 6 часа дневно!

Boban Kocovski

Двојни дневници за рабата за време на викенд, намалување на работното време без штетни последици по платите и нови трудови инспектори се дел од програмата со која политичката партија „Левица“ настапува на овие избори. Според Бобан Кочовски, кандидатот за пратеник од оваа партија „Левица“ е единствената политичка партија која што се залага за правата и интересите на работниците и работничката класа.

„Ќе воведеме дупли дневници за работниците кои што ќе работат за викенд, ќе го намалиме работното време од 8 на 6 работни часа во текот на денот, без да има штетни последици по платите и останатите надоместоци и придонеси, а предвидуваме и вработување на нови инспектори во Државниот инспекторат за труд, поради непрофесионалното и неквалитетно работење од страна на овој инспекторат изминативе години“, рече на денешната прес конференција Бобан Кочовски, кандидат за пратеник од Левица.

Soopstenie 10.07.2020

Според него, со ова Левица ќе придонесе работниците да имаат далеку подобри услови за работење од оние кои што ги имаат во моментов.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами