Реклама

Велешанец почина од коронавирус, четворица новозаразени

Infektivna klinika Skopje naslovna

Велешанец е еден од дванаесетте починати од коронавирус регистрирани во земјава во последните 24 часа. Тој е тринаесеттата жртва на вирусот во овој град. Освен тоа, во Велес се регистрирани нови четири заразени граѓани, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата во Велес изнесува 182, од кои активни се 39.

Во последните 24 часа од направените 868 тестирања, регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во земјава, објави Министерството за здравство. По градови состојбата изгледа вака:

Soopstenie 10.07.2020
  • Скопје 57
  • Куманово 10
  • Дебар 1
  • Штип 13
  • Прилеп 7
  • Тетово 19
  • Струга 3
  • Велес 4
  • Битола 1
  • Охрид 5
  • Кавадарци 1
  • Гостивар 6
  • Пробиштип 2
  • Свети Николе 2
  • Ресен 1

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

  • Скопје 42
  • Штип 40
  • Прилеп 1
  • Тетово 16
  • Велес 1
  • Гостивар 5
  • Кочани 2
  • Пробиштип 3
  • Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами