Реклама

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Власта прави притисок врз јавната администрација

Aleksandar Jamalov

Власта врши притисок врз граѓаните и тоа е еден од основните инструменти на владеењто на СДСМ и нивна најпрепознатлива тактика, рече на денешната прес конфереција Александар ЈАмалов, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес.

Според него, скратување на социјална помош, бришење од евиденција на невработени, укинување или намалување на субвенции за земјоделски производи, намалување на личниот доход – се само еден дел од мерките кои се применуваат за притисок врз граѓаните.

Soopstenie 10.07.2020

Јамалов тврди дека СДСМ врши притисок кај своето членство, но и врз вработените во јавниот сектор.

„Од блиски извори на СДС, од нивни членови информирани сме дека условувањата во овој период најмногу ги чувствуваат нивните членови. Условените со вработување, се обврзуваат да носат списоци со лица кои сигурно ќе гласаат за СДС, при тоа уверувајќи ги дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе ги избрка. Ова говори за фактот дека на нововработеното членство се гледа само како на “број на гласачи”, при што целосно се деградира и руши нивниот углед и достоинство, како нивната егзистенција да треба да зависи од нечија политичка милос“, рече Јамалов.

Тој им порача на, како што ги нарече „нововработени членови на СДС“, да бидат сигурни дека нивната егзистенција не зависи од нечија политичка милост.

„За разлика од СДС кои се закануваа со „јадење живи луѓе“, ние нема да јадеме живи луѓе ниту пак ќе ги распродаваме националните интереси. Ве уверуваме дека институциите професионално и беспрекорно ќе фукнционираат, ќе ги унапредиме условите за работа и ниту во еден момент нема да ги загрозиме вашите работни места. Вие нема да бидете жртви на мобинг како што тоа сега го прават СДС. Наша заедничка цел е да ја направиме нашата држава поубаво и подостојно место за живеење“, рече Јамалов.

Според Јамалов, овие три години, заканите, притисоците и мобингот  најмногу го почувствувале вработените во јавниот сектор, коик биле предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, но и новинари и експерти.

Можеби ќе ве интерсира:

Реклами