Реклама

Од денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство

thumbnail__76A2460

Престанува важноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, каде вработените во оваа институција вчера го имаа својот последен ден. Од денес стартува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство кој беше донесен пред распуштањето на парламентот.

Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, вели Љубомир Јовески државниот јавен обвинител, во интервју за МИА, по повод стапувањето во сила на новиот Закон за јавно обвинителство.

Soopstenie 12.07.2020

Јовески вели дека здравствената криза, донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, но уверува дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста навремено ќе биде известена.

„Обвинителите континуирано постапуваат по сите предмети. Зависно од фазата во која беше преземен секој од предметите, се продолжи со дејствијата и постапките течат. Здравствената криза донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките. Напомнувам дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена. Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“,вели Јовески.

Јовески не очекува опструкции во неговата примена, и покрај тензиите со кои беше проследено неготовото донесување во февруари

„Не гледам причина за тоа. Досега јавното обвинителство честопати беше мета на политички препукувања. Законот за јавно обвинителство, чија имплементација ја започнуваме, дава добра основа за јакнење на институцијата и професијата. Силно јавно обвинителство е потребно на нашето општество, на сите нас, на државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, вели Јовески за МИА.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами