Реклама

Новороденче и неговата мајка позитивни на коронавирусот

Infektivno Stip

Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје во Штип информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот. Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале. Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.

Soopstenie 10.07.2020

Штип денеска во здравствениот билтен е со вкупно 15 новозразени, инаку станува збор за лица, кои се инфицирале по контактите со веќе активните случаи од конфекциите или другите познати кластери.

Извор : https://mia.mk/

Можеби ќе ве интересира:

Реклами